7 ЧУДHИ СИМПТОМИ НА KOBИД ЗА КОИ НЕ СЕ ЗБОРУВА: Пpcти, оштетуBaње на слуxoт, а има и список на симптоми кои не би ги поврзале со kopoна вируcoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќето од нас ги знаат главните симптоми на коронавирус – треска, сува кашлица, болка низ целото тело, тежок замор и губење на вкус и мирис се само некои од нив … Тие се најчести, но не и единствени, и има низа невообичаени симптоми на Ковид- 19, што на прва можеби никогаш нема да ги поврзете со вирусот.

Новинарите на списанието „Glamour“ неодамна направија список на чудни симптоми на вирусот корона за кои најчесто се зборуваше и пишуваше, па не би било лошо да обрнеме повеќе внимание од вообичаеното на тоа како се чувствуваме.

Ковид прсти на нозете
Здружението на американски дерматолози (ААД) посочува дека многу пациенти како еден од симптомите на вирусот корона наведуваат појава на отечени прсти, често црвени или сино-виолетови, кои се чини како да се замрзнати. Во некои случаи, се појавуваат дури и болни израстоци или дамки.

Осип предизвикан од коронавирус
Неодамна, научниците истакнаа дека е можно еден од придружните симптоми на вирусот корона да е ненадеен осип. Тие ги советуваат пациентите да се консултираат со лекар ако забележат „местимични осипувања, округли, точкести трагови на кожата, црвени печати, разни испакнатини, чешање израстоци, плускавци …“.

Чести посети на тоалетот
Општиот лекар, доктор Дијана Гал тврди дека пациентите со корона вирус можат да забележат „суптилни промени во нивните гастроинтестинални навики“ пред да им биде дијагностициран Ковид-19. Таа ги предупреди пациентите да внимаваат на честите посети на тоалетот и меките столици, бидејќи тие можат да бидат показатели дека сте заразени.

Зуењето и шушкањето во телото
По серија сведоштва на заразени корисници на Твитер кои тврдеа дека се чувствуваат како шумлива таблета во вода, односно дека имаат чувство дека низ нивното тело поминува струја, научниците заклучија дека тоа може да биде автоимун одговор поврзан со реакцијата на нервниот систем на вирусот корона.

Промени во очите
Според клиниката Мајо, Ковид-19 може да предизвика, иако ретко, проблеми со очите како зголемени капилари, отечени очни капаци, прекумерно солзење на окото, зголемена чувствителност на светлина …

Губење на слух
Често читаме извештаи за губење на мирис и/или вкус, но научниците откриле дека вирусот корона влијае и на оштетувањето на увото и слухот. Ова неодамна беше потврдено со обемен преглед на експерти од Клиниката за уво, грло и нос на Клиничкиот центар во Ниш.

Халуцинации
Овој симптом може да биде поврзан со делириум кај пациенти кои имале тешка корорнарна срцева болест. Имено, разни лесни до тешки халуцинации и симптоми на психоза кои се јавуваат во некои тешки случаи може да бидат поврзани со пандемијата Ковид-19, што беше потврдено со студиите објавени во списанието „Psychology Research and Behaviour Management“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This