8-МИНАТА НЕЗАВИСНИ, ЗЛАТНА РЕЗЕРВА НА СДСМ: Заев двотретинско мнозинство за Законот за ЈО ќе го бара без ВМРО ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали осуммината пратеници од независната пратеничка група ќе ја решаваат и судбината на Законот за ЈО?Заев денеска потврди дека веќе преговара со нив, да помогнат да се обезбедат 80 гласа “за” и без ВМРО ДПМНЕ.

Повеќе не бара лидерска средба со Мицкоски, откако тој вчера порача дека не прифаќа да се сретнат додека не се договорат работните групи.

Од независната пратеничка група велат дека се` уште немаат изградено конечен став. Бараат добро законско решение, а не политички закон.

Сметаат дека е потребен сериозен пристап и одговорност од сите политички фактори, затоа што законот е услов и за влез во ЕУ.

Од ВМРО ДПМНЕ, пак, велат дека, работните групи деновиве повторно ќе разговараат, експертите ќе си го кажат своето мислење, но ваков, како што е сега предложен, законот не е прифатлив за нив.

Двотретинско мнозинство без ВМРО ДПМНЕ ќе биде тешко да се обезбеди.

И да гласаат осуммината пратеници “за”, еден глас повторно ќе фали. Пратеничката од ДПА, Мерал Ферати е на специјализација во Турција и повеќе не е во врвот на партијата, ниту, пак, се појавува на партиските активности.

Во драфт верзијата на законот до кој дојде деновиве Телма, се зголемува тимот на обвинители во организиран криминал и се планира ова обвинителство да ја преземе надлежноста од СЈО.

Она што е спорно за опозициската ВМРО ДПМНЕ всушност е дека обвинителството на Вилма Русковска ќе ги преземе надлежностите врз поранешното СЈО, а специјалните обвинители и понатаму ќе постапуваат по предмети предадени од јавното обвинителство.

Спорен е и изборот на нови обвинители во Организиран криминал и корупција, преку оглас, во рок од месец и половина од донесувањето на законот.

Познавачите велат дека интенцијата е поранешните обвинители на СЈО да конкурираат на огласот и на овој начин да се задржи континуитетот на истрагите и предметите кои ги работеше СЈО.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This