УКРАИНСКИ ДИПЛОМАТ ПОВЛЕЧЕН ОД ГЕРМАНИЈА: Пријателот на Украинскиот амбасадор во Македонија, го славел нацизмот и ширел антисемитизам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Киев го повлече својот конзул од Германија поради тврдењата дека го користел нацистичкот поздрав го негирал холокаустот

Украинскиот министер за надворешни работи го повика својот конзул од Хамбург, Германија поради дисциплинска постапка откако популарен блогер го обвини дека го негира холокаустот и е нацистички симпатизер.

Васил Марушинец е вратен назад во Киев поради истрага во врска со неговите постови на Фејсбук наменети само за неговите пријатели. Тој, наводно, ги поздравил нацистичките политики и негирал дека режимот убивал милиони луѓе во логорите на смртта.

Тој, исто така, наводно, повикал на насилство против Евреите, Ромите и другите етнички групи, тврдел и дека Украина мора со сила да ја врати својата земја, од држави како Полска, Романија и Унгарија и други контроверзни изјави кои не доликуваат на еден дипломат на мисија во Германија.

“Ако сите факти се потврдат – бидејќи она што го видовме може да не е се – тогаш сигурно таквите луѓе немаат место во Министерството за надворешни работи”, изјави украинскиот дипломат Павло Климкин во понеделникот.

Содржината на неговата Фрјсбук страна беше објавена во саботата од страна на Анатолиј Шариј, популарен Украински видео блогер, новинар и политички коментатор што живее во ЕУ поради политички азил по бегството од Украина во 2012 година.

Во 2014 година тој го започнал својот Шариј видео блог и стана еден од најжестоките критичари на актуелната власт во Украина, редовно изложувајќи ги нејзините недостатоци на неговите 1,4 милиони претплатници на YouTube. Во серијата на видеа, Шариј ја објави, Фејсбук страница на кознулот Васил Марушинец, која била видлива само за неговите пријатели. Украинското Министерство за надворешни работи не го оспори тврдењето дека страната му припаѓа на дипломатот.

Меѓу коментарите што се објавуваат таму и датираат најмалку од 2013 година има објави како “да се биде фашист е чест” или “смрт за анти-фашистите”. Има и тврдења дека холокаустот е измама или дека луѓето кои припаѓаат на етнички групи како Евреите, Ромите, Унгарците или Русите се луѓе од втор ред кои заслужуваат барем ќотек.

Дел од сликите на неговата Фејсбук страницата вклучуваат и слики каде Марушинец добива торта во облик на печатеното издание на Mein Kampf како подарок за 60-тиот роденден во 2016 година.

Инаку, Марушинец е пријател со Украинскиот амбасадор во Македонија кој постојано ги следел активностите на конзулот на социјалните мрежи.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This