ЗАЕВ ГО ПРИФАТИ ПРЕДОЛОГО НА МИЦКОСКИ:Ќе се соочат на телевизиски дуел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев  го прифати предлогот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наместо во Кабинет, тет а тет средбата да ја одржат пред јавноста, на телевизиски дуел.


-Премиерот Зоарн Заев во секое време е подготвен за ТВ дуел  со Христјан Мицкоски, изјави за МИА поратпаролот на Владата Миле Бошњаковски.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ синоќа по седницата на Централниот комитет на партијата, одговарајќи на новинарско прашање за средба со премиерот Заев, рече дека би сакал таа средба да биде ТВ соочување, наместо во кабинет.

– На седницата на Извршниот Комитет и  на седницата на Централниот Комитет ја разгледувавме актуелната политичка и економска ситуација во Република Македонија, ги разгледувавме актуелните теми што живот значат за граѓаните во Република Македонија. Оваа трета генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ учеше од првата генерација, растеше со втората генерација и како основна цел и задача си постави да ги порази остатоците од транзицијата, а тој пораз ќе почне со организирање на еден огромен народен протест што ќе се случи на 2 јуни, во 20 часот, пред Владата на Република Македонија, изјави синоќа Мицкоски.

Сите оние излажани од страна на Зоран Заев и политичарите околу Зоран Заев. Ги поканувам да ни се придружат да застанат рамо до рамо со нас, да тргнеме во офанзива, да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна влада која што и се случува на нашата татковина, изјави Мицкоски.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This