90-годишниот милијардер Ворен Бафет го соопшти името на својот наследник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Челникот на инвестицискиот фонд „Berkshire Hathaway“, 90-годишниот милијардер Ворен Бафет го соопшти името на својот наследник на првата позиција во компанијата, односно актуелниот потпретседател Грег Абел, пренесе во понеделникот телевизиската мрежа CNBC News повикувајќи се на самиот Бафет.

„Директорите се согласни доколку нешто ми се случи денеска, утре на чело да биде Грег“, рекол Бафет во врска со одлуката да го замени 58-годишниот Абел.

Според Бафет, возраста на Абел е еден од факторите коишто одборот на директори го зел предвид кога ја одобрил неговата кандидатура.

Во август минатата 2020 година, претприемачот и филантроп Бафет наполни 90 години. Во текот на изминатите децении беше постојано беше меѓу тројцата најбогатите луѓе на планетата, но во 2019 година падна на четвртата линија во ова рангирање со богатство од 67,5 милијарди долари.

Во 1965 година Ворен Бафет го стекна контролниот удел во текстилната компанија „Berkshire Hathaway“ која во тоа време била пред банкрот, и ја претвори во холдинг-компанија која управува со активите на голем број фирми во различни области. Во 2020 година ги имаше 60 компании, меѓу кои се водечките американски банки и производители на технолошки уреди.

Поради поодминатата возраст на Бафет, медиумите догло време шпекулираа кој ќе го замени на чело на „Berkshire Hathaway“. Иако ваквите прогнози и теории постојано се јавуаат повеќе од една деценија, Бафет и натаму останува на чело на компанијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This