ПОПИС ДУРИ ВО 2020: На пописот ќе нема етничка и верска припадност!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

8,5 милиони евра ќе чини пописот што ќе се спроведе во април 2020 година во Македонија. На предлог од Државниот завод за статистика и во нацрт верзијата на Законот за попис се бара да нема прашање за етничка и за верска припадност, туку да има прашање за јазикот. До крајот на годинава се очекува нацрт верзијата на Законот за попис да помине на Влада, а идната година Собранието да го донесе Законот.

Во четири општини в година ќе се спроведе пилот проект на пописот и тоа во Гостивар, Зелениково, Кисела Вода и во Свети Николе. Овој пилот проект ќе чини 3,5 милиони евра, а пописот во 2020 ќе чини 5 милиони, брифираа денеска во Државниот завод за статистика.

Планирано е пописот да го спроведат 5.000 попишувачи на 8 јазици, а по двајца попишувачи ќе има во мешаните средини.

Ќе се попишува населението кое е во Македонија, како и странците кои се со подолг престој од една година во земјава, но ќе се врши попис и на отсутно население, кое е надвор од земјава повеќе од една година.

Отсутните влегуваат во вкупно население, но не во присутно, туку во отсутно население. Ќе ги пријават членови на семејство, а ќе има и повик сами да се пријават.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This