Изјавата на претседателскиот кандидат на владејачките СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски дека го следелa тajна paзузнавачка служба блиска до опозицијата, предизвика лaвинa од реакции во јавноста и на социјалните мрежи.
Претседателот на Изборниот Штаб на СДСМ, Александар Кирацовски, денеска изјави дека МВР презема активности за откривање на лицата за кои има индиции дека го следат Пендаровски. „Штом иден претседател на држава изјавува за одредени индиции и алудира на одредено следење од одредени служби од опозицијата евидентно е дека истите постојат. МВР веднаш презеде иницијатива истите да бидат откриени и изведени пред лицето на правдата“, рече Кирацовски.
Ви пренесуваме дел од реакциите на Твитер: Какви се тие одредени служби од опозицијата што го следеле Пендаровски?
Какви се тие одредени служби од опозицијата што го следеле Пендаровски? Ебати државата ако службите од МВР се делат на позициски и опозициски а не си ја бркаат работата професионално. Па уште кажувате јавно дека тоа е така. Земете ќебе и покријте се.
— Миле Паника (@Mile_Panika) March 7, 2019
Го следеле тајни служби со жолто Југо. Ајде мајката! 🧐 pic.twitter.com/AD91m9mihh
— Трале ТраЛаЛа😎😎😎 (@BaceTrajce) March 7, 2019
Странски служби го следат Пендаровски со Сарачини во кафиќ на улица Македонија каде што не поминуваат луѓе. pic.twitter.com/rkB49OnzdG
— Мартиан (@MartianFromMKD) March 7, 2019