Возете внимaтeлнo, на патот Македонска Каменица – Делчево дождот пpeдизвикa oдpoни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одрони на патниот правец Македонска Каменица – Делчево создаваат потешкотии на воачите кои јавуваат дека истите се забележани на повеќе места на споменатиот патен правец. Од „Македонија пат“ информираат дека обилниот дожд е причина за одроните, поради што нивни екипи се веќе на терен и работат на расчистување на местата каде одроните се забележливи.

Наши екипи се веќе на местото каде се наоѓаат одроните и работат на нивно отстранување. Одроните овде како што веќе знаете се честа појава после врнежи од дожд, особено во делот на патниот правец од Кочани кон Македонска Каменица и од Македонска Каменица кон Делчево каде и најчесто може да се забележат, велат од „Македонија пат“.

Додаваат, дека екипи на претпријатието вршат редовна обиколка и на оние места, каде ќе бидат забележани нови одрони ќе биде поставена соодветна патна сигнализација со знаци за известување.

Исто така апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Поради врнежите од дожд сообраќајот на оваа делница се одвива по влажни коловози.

Latest News

Unlocking Fun The Simplest Slot Games at 55Club

Welcome to the world of 55Club, where the thrill of slot gaming meets the simplicity of effortless enjoyment. As...

More Articles Like This