Рикер: ЕУ нe тpeба да дозволи билатерално прашање да ја запре интеграциjaта на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Унија не треба да дозволи билатералните несогласувања да го запрат заслужениот напредок на Македонија во интеграциите, изјави помошникот-државен секретар на САД за Европа и Евроазија и поранешен амбасадор на САД во Македонија Филип Рикер.

– Сметаме дека тие прашања треба да се решаваат надвор од процесот на пристапување, затоа што Скопје повеќе од што треба ја заслужи таа шанса рече Рикер на форумот „Да се биде безбеден“ (2БС) на Атлантскиот сојуз на Црна Гора.

Тој додаде дека земјава и Албанија презеле важни и тешки чекори на нивниот пат кон европските интеграции.

Во врска со Србија и Косово, тој рече дека статус-квото е неодржливо, додавајќи дека договорот потпишан од Белград и Приштина во Белата куќа на 4 септември е пример за лидерство какво што му треба на регионот.

На прашањето како САД ќе ја вратат довербата во регионот, која според некои процени е намалена за време на мандатот на администрацијата на Доналд Трамп, Рикер одговори дека Соединетите Држави и ЕУ имаат заедничка визија за Западен Балкан.

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This