Гласање на локални избори за кое сигурно и Северна Кореа ќе се заинтересира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според досегашните податоци, над 80 % од гласовите во Штип освои кандидатот Сашко Николов, додека во Пласница победи Алија Јахоски со освоени речиси 86 % од гласовите.

Државната изборна комисија до сега обработени се 52 гласачки места од вкупно 81 во Штип и седум гласачки места во Пласница од вкупно 10.

Од вкупно 41 777 запишани гласачи во Штип, обработени се околу 51,71 отсто. Од обработените гласачи на овие 52 гласачки места, своето право на глас го оствариле 7 430.

поред податоци, 80,41 отсто или вкупно 5 898 гласа отишле за кандидатот на СДСМ, Сашко Николов, а втор е кандидатот на Интегра, Симон Поликарп – Џими со 625 гласа или 8,51 отсто.

Во трката за градоначалник на Штип, засега трет е независниот кандидат Трајче Митев со 158 глас или 2,15 отсто од обработените гласови. Со 129 гласа е Лазар Наумов, од партијата ТМРО и нешто помалку или 120 гласа има Гоце Анѓелов од новата коалиција „Иднината во наши раце“, а составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација – Работничка партија.

Во електронскиот внес на Државната изборна комисија од досегашните обработени податоци изброени се 405 или 5,52 отсто неважечки ливчиња.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This