- Advertisement -
Уште четири тела беа пронајдени во урнатините на делумно срушената зграда во близина на Мајами, со што вкупниот број на жртви се зголеми на 32, објави денеска помошникот началник на противпожарната единица Мајами-Даде, Рид Јадалах.
Тој информација им ја пренесе на членовите на семејствата на жртвите за време на состанокот зад затворени врати, пренесува АП. Јадалах додаде дека спасувачите сè уште трагаат по останките на жртвите.