Премиерот Зоран Заев утрово се сретна со пожарникарите и со граѓаните кои се справуваат со пожарите во беровско-пехчевскиот крај.
Заев денеска е во посетата на Будинарци, каде е најголемото жариште на пожарите во земјава.
На социјалните мрежи се појавија фотогограии на кои тој се гледа како заедно со пожарникарите и волонтерите кои помагаат во гаснењето на пожарите јадеше месен нарезок.
-Внимателно ја следиме ситуацијата во сите кризни подрачја и повторно апелираме за крајна внимателност од секој граѓанин. Иако изгаснат, огнот сепак знае да тлее и натаму, а смолата од боровите шуми да предизвика повторно палење и загрозување на безбедноста на граѓаните, истакна тој.