Пyч во собранието?: Џафери ниту е спpeчен, ниту е отcyтен, да дојде да ја води седницата, побара Aпасиев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев се повика на член 60 и 61 од Деловникот, во однос на присуството на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Деловникот познава две ситуации, отсуство и спреченост на претседателот на Собранието. Ние како што успеавме да видиме, самиот претседател на Собранието ниту e спречен, ниту отсутен, па така барам еден час пауза, за да се врати тој и да продолжи седницата, истакна Апасиев.

Ова е веќе втора пауза по ред од еден час, откако претходно пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, исто така бараше едночасовна пауза.

И новинарот Бранко Героски реагира на одлуката на Џафери да ја напушти седницата само за да не прави кворум.

На седницата присуствуваат 61 пратеник, но претседателот на Собранието Талат Џафери ја напушти седницата бидејќи не ја поддржува иницијативата и го повика потпретседателот на Собранието Фадил Зендели да ја води седницата по што даде десет минути пауза.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This