- Advertisement -
Поради намален доток и заматување на водата од изворите од регионалниот водоснабдителен систем „Лукар”, водоснабдувањето во Кавадарци ќе се одвива со прекини и со намалување на притисокот во мрежата.
За ова утрово информираа од Јавното претпријатие „Комуналец”.
Прекини во водоснабдувањето ќе се јават во високите зони на градот, како и во околните места кои се снабдуваат од овој систем.
Од „Комуналец” информираа дека во текот на денот, се очекува стабилизирање на водоснабдувањето.