Стоилковски: Ковачевски не е дипломец на Харвард, има неколкудневен скап курс

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Димитар Ковачевски беше лажно претставуван како дипломец на Харвард, а Ковачевски тоа молкум го одобруваше. Но, Ковачевски го нема во системот на дипломирани на Харвард. Човек што лаже и премолчува лага за себе, е способен да лаже и да премолчува и одобрува лаги за сѐ понатаму. Ако Ковачевски прифаќа лага за своето образование, тоа е само потврда дека блеска заевизмот.

Курсот на Школата за бизнис на Харвард трае 3-4 дена. За присуство на курсот нема услови за примање, не се полага приемен испит, ниту пак потоа се полага некаков завршен испит. Единствено се добива сертификат за присуство. И тоа се плаќа, многу се плаќа. Но тоа не дава никаква поврзаност понатаму со Универзитетот Харвард, ниту пак има Алумни број, ниту пак диплома, ниту меил адреса, што е дел од документите на Харвард и другите светски универзитети, изјави на денешната прес конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој истакна дека за тоа кој го минал Курсот таму не постои систем, а може да го мине секој со десетици илјади евра колку што тој чини.

Ковачевски и без оваа лага беше наметнат во СДСМ затоа што Заев си постави свој разглас и му ги наполни изборните кутии. И оттука се прашањата што Ковачевски, но и СДСМ, сакаа да постигнат со ширењето на лаги за неговото образование: Дали со лажната биографија на Ковачевски се сакаше да се сокрие улогата на пиoн и марионета на Зоран Заев? Дали со овој заевизам се сакаше да се покрие фаворизирањето во корист на Ковачевски и заевизмот? И дали со оваа лага требаше да се намали значењето на молкот и неспособноста на Ковачевски во министерскиот кабинет во финансии додека тонеше и се уште тоне Македонија, запраша портпаролот.

Стоилковски додаде дека едно е јасно, ако курс се прикажува како факултет, продолжува блескањето на заевизмот.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This