Kаpиеpaта на 3aeв ќе завpши нecлавно: Пpoмeните во Maкедонија cтaнyвaaт peaлност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Промените во Македонија стануваат реалност, но не со оваа власт, туку без неа. Граѓаните се незадоволни од владата и бараат промени, бараат предвремени парламентарни избори.

Тоа ни го покажуваат и анкетите и однесувањето на граѓаните кои речиси секојдневно почнаа својот револт да го искажуваат на протести.

Според последната анкета која ја објавија изминатата недела МЦМС и М-Проспект, дојде до пресврт на политичката сцена во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има водство пред СДСМ со 22,4% наспроти 21,6%. И можеби некој ќе рече дека тоа не е големо водство, но ако се има предвид дека во декември предност имаше СДСМ и дека ВМРО-ДПМНЕ за прв пат води после подолго време на анкетите на МЦМС, тогаш лесно се доаѓа до заклучокот дека граѓаните бараат промени.

Дека македонските граѓани сакаат промени на политичката сцена покажува и одговорот на прашањето за предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори на истата анкета, кои ги бараат 36% од граѓаните наспроти оние 26,5% кои се против и останатите кои дале различни одговори.

Предвремени парламентарни избори беа побарани и на вчерашниот протест кој беше најавен за слобода на уставобранителите, но масовноста која ја изненади власта покажа дека граѓаните се незадоволни од целокупната ситуација во која се наоѓа Македонија. Од економска криза, здравствена криза и ненавремена набавка на вакцини, па се до национално прашање, речиси да нема прашање, да нема група на граѓани која е задоволна од оваа влада.

Сепак не беше само овој протест. Изминатиов период видовме протести,а и се најавени нови од страна на синдикатите, угостителите, туристичките работници, музичарите, сметководителите, па дури и на родилките и танцовите училишта, сите незадоволни од оваа влада. Поради катастрофалното менаџирање на владата со кризата граѓаните тонат во сиромаштија, бизнисите пропаѓаат, а помошта која ја дава власта, прашање е дали и може да се нарече помош, бидејќи во добар дел не ни стигнува до тие на кои им е најпотребна, а тоа што стигнува не е доволно да се покрие ни еден месец, додека кризата трае повеќе од една година.

Тука е и здравствената криза, владата не успеа да ги заштити граѓаните, Мкаедонија постојано е во врвот на црните листи по смртност во светот, а поголемо количество на вакцини се уште не видовме. Затоа видовме празни ветувања за милиони дози уште од декември па се досега, три месеци најавена, а незапочната масовна вакцинација и немајќи излез спасот граѓаните го бараат во Србија.

Но, не е само тоа, видовме скандалозни афери, МВР издавало пасоши со лажен идентитет на најголемите и најбараните криминалци во Европа, на македонски граѓани се издавале двојни идентитети, а полициски лица поврзани биле со шверц на дрога, поради што мораше да интервенира дури и САД.

И како врв на сето ова, оваа власт не успева да го води Собранието, уште малку ќе се навршат година дена од изборите, а тие никако да обезбедат кворум, па се случува со месеци да нема седница.

Се ни укажува дека имаме нефункционална власт која не може да се справи со кризата и да донесее подобар живот за граѓаните кој го ветуваше. Решението го кажаа граѓаните, тоа се предвремени парламентарни избори и формирање на нова власт која ќе им помогне на граѓаните и ќе ја изведе државата на правилен пат.

Извор: Вечер

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This