Aлтернатива е yцeнувана за да стане дел од Владата?: Најава за кpивична пријава за пратеник на партијата – ова се деталите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница реши да поведе иницијатива до Јавното обвинителство за поведување постапка за кривично гонење против поранешен министер за култура, кој функцијата ја извршувал од 27 јуни 2019 до 30 август минатата година, поради сомневање за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со договори и анекс-договори склучени на 24 јули 2020 година, во врска со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Предметот бил доставен до ДКСК од Министерството за култура, по заклучок на седница на Владаta одржана на 18 мај. Од министерството било побарано да се изврши контрола на работењето во делот на законската основаност на договорите и анекс договорите склучени на 27 јуни 2020 година. Сите овие дополнителни договори склучени непосредно по завршување на изборите, а се однесуваат по жалби на апликанти. Во посочениот период функцијата министер за култура ја извршуваше Хусни Исмаили.

Тајмингот на соопштението од ДКСК, во кој има неколку членови со јасни врски со владејачките партии СДСМ и ДУИ, е многу интересен. Исмаили во моментов е пратеник од Алтернативната партија, а минатата недела се потпиша на барањето за недоверба на Владата на Заев. Уште поважно, Заев во моментов отворено ѝ се додворува на партијата да влезе во неговата коалиција, бидејќи го загуби мнозинството во Собранието со пребегнувањето на партијата БЕСА. Тајмингот на кривична пријава против пратеник кога партијата треба да донесе одлука е типичен потег за режимот на Заев, кој со кривични пријави, уцени и поткуп ги принудува пратениците од опозицијата да гласаат за наметнатата промена на името.

Премиерот во оставка Зоран Заев пред два дена имал комуникација со претседателот на Алтернатива Африм Гаши, на која побарал од него да избере ден кога сака да имаат средба околу можноста Алтернатива да стане дел од парламентарното мнозинство и Владата.

Пратеникот на Алтернатива Зекирија Ибрахими во изјава за Плусинфо изјави дека на 23 ноември, во вторник треба да се одржи состанок на Централното претседателство на партијата, а потоа таа одлука што ќе биде донесена во тој партиски состав ќе треба да помине и на партиското Собрание, кое е највисоко тело на Алтернатива.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This