Aмнecти Интepнeшнaл: Вo пocлeднитe двa мeceцa вo Египет ce пoгyбeни 57 лицa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амнести Интернешнал објави извештај за бројот на егзекуции во Египет врз основа на изјави на роднини и адвокати на егзекутираните лица и изјави на невладини организации, пренесува Анадолија.

Во извештајот се наведува дека египетските власти егзекутирале 57 лица само во октомври и ноември, а 32 во 2019 година.

Во извештајот се наведува дека најмалку 15 егзекутирани лица биле претходно осудени во случаи поврзани со политичко насилство и дека овие пресуди биле донесени по неправедно судење во кое биле забележани сериозни кршења на човековите права.

Според египетските закони, смртната казна се спроведува откако ќе биде одобрена од претседателот на државата, кој исто така има право да помилува и да ја намали казната.И покрај кршењето на човековите права во земјата, египетските власти тврдат дека во земјата нема политички затвореници, дека притворите се во согласност со законот и Уставот, а египетското судство е независно и непристрасно.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This