AНДОНОВ ЗА АЛФА: Кризата која започна скоро пред три години продолжува,СДСМ нема да донесе ништо ново

Поврзано

- Advertisement -
Кризата која започна скоро пред три години продолжува, ниту изборите ниту притисоците и промовирањето на новото парламентарно мнозинство и губењето на изборите на СДСМ не донесоа решавање на кризата, вели Оливер Андонов во вестите на телевизија Алфа.

- Advertisement -

-Колку и СДСМ да сакаат да покажат дека сега во Македонија е се нормално и функционира, сепак тензијата и кризата постои и таа нема да биде решена бидејќи СДСМ нема да донесе ништо ново. Она што го работи СЈО по закон е завршено, максимум што можеа тие го направија политички инструмент на СДСМ, ги поднесоа сите 17 обвиненија во претпоследниот ден од мандатот и нивниот мандат заврши и сега имаат уште неколку години простор за да ги решат тие обвиненија, да поднесуваат жалби, да прават драми од сето тоа придонесува тие да ја држат тензијата во Македонија и затоа и велам не очекувам дека позитивно ќе заврши оваа разрешница и ќе се помачиме уште малку, рече Андонов.

Тој е убеден и дека СЈО нема ниту еден доказ и дека се што ќе се обидат да престават пред македонската јавност е фабрикувана работа и единственото нешто што ќе го работат во следниот период е она што го работеа и досега, а тоа е да служат како политички инструмент за притисок врз ВМРО-ДПМНЕ и другите политички партии, вели Андонов.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This