AПЕЛ ОД ЗДPABCTBO: Кажувајте ја вистината кога се јавувате за тест за кopoнавиpyсот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство инфомира дека од денеска е во функција уште еден пункт за тестирање на коронавирус во Поликлиниката Млин Балкан.

Со тоа скопјани може да се тестираат во четирите пункта во: Поликлиниките Јане Сандански, Ченто, Чаир и Млин Балкан, со што двојно е зголемен капацитетот за тестирање во Скопје.

Од минатата недела во функција се и пунктовите во градовите: Штип, Тетово, Струмица, Прилеп, Охрид, Куманово, Кочани, Битола, Велес, Кавадарци, Гевгелија и Струга.

Од Министерството повикуваат граѓаните да одат во пункт за тестирање само во точниот термин, закажан преку нивниот матичен лекар, а не директно во пунктот.

Граѓаните кои имаат симптоми на вирусот Ковид-19, но и тие без симптоми треба да се јават кај својот матичен лекар и точно и вистинито да одговорат на епидемиолошката анкета. Согласно ова, матичниот лекар врз база на евалуација на здравствената состојба и податоците го спроведува тестирањето, односно укажува на тоа дали кај пациентот е потребно тестирање. Во овој процес, вклучени се близу 1.200 матични лекари кои освен за детекција се задолжени и за следење на пациентите.

До крајот на неделата почнуваат со работа и други пунктови ширум државата во здравствените домови согласно големината на градот.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да даваат веродостојни и точни информации во епидемиолошката анкета за нивната здравствена состојба, како и да ги почитуваат мерките од надлежните институции за заштита од корона вирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This