Aпceњe вo Скопје, Тетово и Пробиштип: Пpивeдeни чeтиpи лицa oд кoи eдeн мaлoлeтник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата уапси неколку лица во Скопје, Тетово и Пробиштип поради поседување на дрога.

„На 30.12.2020 околу 19.30 часот на ул.„Љубо Божиновски-Пиш“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.М.(27) од Тетово, затоа што кај него бил пронајден кокаин. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен  поднесок.

На 30.12.2020 во 22.45 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба привеле 17-годишник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 30.12.2020 околу 17.30 часот во близина на Градскиот стадион во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Д.А.(21) од Тетово, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 30.12.2020 во 15.30 часот, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода Д.И.(35) од с.Злетово, поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.  Полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во неговиот дом во Злетово, при што пронашле и одзеле марихуана. По целосно документирање на случајот, против Д.И. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. “ стои во полицискиот билтен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This