Acoциjaциja нa ивeнт индycтpиja и дeнec излeгyвa нa пpoтecт пpeд Bлaдa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Асоцијацијата на ивент индустријата „ИВАП“, и денеска ќе продолжи да протестира пред Владата на Република Македонија поради големото незадоволството во однос на донесените одлуки од страна на Владата.

Како што најавуваат од „ИВАП“, протестите ќе започнат во 12:00 часот пред Владата, и ќе траат до 15:00 часот.

– Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

„За жал и денес продолжуваме пред Влада од 12 до 15 часот“.

„Најмалку што очекувавме од Владата беа медиумски оркестрирани напади кон нас и извртување на фактите, наспроти простор и некоја минута за разговор и решенија“.

„Ние не сме државен непријател, не сме неработници, туку индустрија и фирми даночни обврзници кои беа први затворени и најмалку поддржани“.

„Точно е дека добивме помош со сите останати сектори, а тоа се 6 плати и некои компании земаа кредити. И тоа се сé! А не работиме веќе 14 месеци“.

„Наместо да најдеме заедничко прифатливо решение, ни порачавте да ги тргнеме црните наочари. Дали треба да ги замениме со розови и останеме „таканаречена„ дејност?“

„Иако владата го наметнува милионот како дефокус на нашите проблеми, пакетот мерки и еден милион евра (или два) за нашата индустрија, ниту е донесен, ниту e објавен“.

„Условите никој не ги знае, кој се ќе има право да аплицира, кој ќе добие, критериуми, дали ќе има можност за сите?“

„На пример, ако има 2000 македонски музичари, дали ќе може секој да настапи или само дел од нив? Така и со нас компаниите, кои секоја влада во Европа ги поддржа и препозна како најважен сегмент за раздвижување на економијата, културата, туризмот и менталното здравје“.

„Кога ќе го објавите конкурсот, ќе можеме да коментираме, сугерираме, секако и да аплицираме. Сé останато се само ПР алатки за купување на време, но никако помош за зачувување на нашите компании“.

„Како и секогаш, ние сме подготвени за разговор. Ќе бидеме гласни за да не поканите, но прашањето е дали сакате да нé слушнетe!“

„П.С. Што би рекол Винстон Черчил, ако не ја браниме културата, тогаш што ќе браниме?“

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This