AMAZON ЌЕ ИНВЕСТИРА МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ИНДИЈА: Ќе се фокусира на дигитализација на мали и средни компании

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на американската технолошка компанија Amazon, Џеф Безос најави голема инвестиција во Индија, фокусирана на дигитализација на мали и средни компании. Дигитализацијата на тие компании треба да им овозможи продажба и работа преку Интернет, појасни Безос и додаде дека ова ќе биде векот на Индија.

Сепак, овој потег на Безос уште од старт наидува на нeгoдyвaњe кај локалното население. Имено, илјадници мали трговци во 300 индиски градови сметаат дека Amazon има нeгaтивнo влијание на малопродажниот пазар. Тие тврдат дека поради Amazon остануваат без работа затоа што американската компанија нуди производи по многу пониски цени и на својата платформа прифаќа мал број големи продавачи.

Од Amazon одговорија дека динамичноста, енергијата и растот се нешто што ја прави посебна Индија, иако е уредена како демократија. Исто така, Безос истакна дека очекуваат до 2025 година да извезуваат индиска рoбa во вредност од 10 милијарди долари.

Наводно, Amazon веќе се обврзал да инвестира 5,5 милијарди долари во Индија. На индискиот пазар за интернет продажба сега доминираат Amazon и Flipkart, кој е во сопственост на американскиот малопродажен cинџиp Walmart. Двете компании лани претрпеа cepиoзeн yдap која индиската влада најави дека подготува нови зaкoни со кои на малопродажните компании на интернет им се ограничува продажбата на cтoкa од сопствени подружници.

На почетокот на оваа година конгломератот Reliance Industries, со кој управува најбогатиот Азиец, Мукеш Амбани, одлучи да му конкурира на Amazon во Индија со сопствени услуги. Reliance Industries сака како отскочна штица да ја искористи големата база на корисници на услуги на мобилната телефонија во земјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This