AMHEСТИЈАТА ЗА 27 АПРИЛ СЕ СЕЛИ ВО АПЕЛАЦИЈА: На 13 oбвинeти за настаните од 27 април им тече рокот за жалба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Топката за помирувањето на премиерот Заев се сели во Апелациониот суд. На 13 обвинети за собраниските настани од 27 април од денеска почнува да им тече рокот за жалба откако Обвинителството и Скопскиот кривичен суд одбиле да ги помилуваат, бидејќи за нив не важи Законот за амнестија. Рокот истекува во понеделник, но барањата можат да ги испраќаат и за време на викендот преку пошта.

До крајот на неделава ќе се знае конечната бројка на помилувани за собраниските настани. Ваквата одлука за амнестија ќе донесе и промени во судскиот процес, односно самото обвинение за 27 ми април. Веќе на 15 јануари е закажано ново рочиште каде се очекува преквалификација на делото „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ во „Здружување заради непријателско дејствување“.

Ова кривично дело му е ставено на товар на екс директорот на УБК Владимир Атанасовски кој е во притвор откако дел од обвинетите сега амнестирани го посочија дека бил организаторот на собраниските случувања. Екс министерот Митко Чавков, Душко Лазаров, Јане Ченто, Игор Југ и оперскиот пејач Игор Дурловски одбија да бидат помилувани, па побараа за нив судот да донесе пресуда, а не политичките елити.

До вчера попладне 15 обвинети добија помилување за настаните од 27-ми април, меѓу нив и пратениците кои беа на врвот на обвинението. Судот ги амнестираше и Богдан Илиевски, Владо Јовановски и Борис Дамовски откако доби позитивно мислење од Обвинителството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This