(Bидeo) Пендapовски открива: Фajзep не ни paзмислyвал да достави од своите вakцини за Македонија – 3aeв ги најави пред еден месец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва Стево Пендаровски сподели една многу важна информација. Тој истакна дека со уште еден министер биле во комуникација со „Фајзер“, од каде им било укажано дека сега предност имаат големите држави со стотици милиони жители, додека не разговараат со жители кои се помали од два милиони.

Разговорот, кажа Пендаровски, бил пред Нова Година.

„Да споделам една коресподенција која јас и еден од нашите министри ја имавме со најголемата компанија „Фајзер“ пред Нова Година кога се обративме во седиштето. Прво не прашаа која е големината на потенцијалните консументи, и кога кажавме дека сме околу два милиони луѓе, разговорот брзо заврши.

Рекоа дека во овој момент имаме неверојатно навалување на држави со стотици милиони жители. Така била политиката, да не разговараат со држави помалку од 2 милиони жители“, рече Пендаровски кој додаде дека системот „Ковакс“ потфрлил.

Во фамозното видео со „ваксајнс“ Заев пред точно еден месец најавуваше дека вакцините на Фајзер ќе пристигнат наредната недела…

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This