Bлaдинa дeлeгација пpeдводена од Гpyби гo пoceти Myзejот нa aлбaнcкaтa aзбyкa вo Битoлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По повод Денот на албанската азбука делегација на Владата, го посети Музејот на албанската азбука во Битола.

Делегацијата ја предводеше министерот за политички систем, Артан Груби, кој одржа и пригодно обраќање.

Вицепремиерот Груби истакна дека 22 ноември е еден од трите столба на создавањето на албанскиот идентитет и современиот генетски код, почнувајќи од 10 јуни 1878 година со одржувањето на Лигата на Призрен, со прогласувањето на независноста на 28 ноември 1912 година и претходно со Конгресот на Битола во 1908 година.

„Со напори на владата, во соработка со националната установа Музеј на Азбуката, постигнато е реновирањето на овој објект од особено значење за Албанците, во вкупен износ од 240 илјади евра“, додаде тој.

Груби исто така најави дека Музејот на албанската азбука во Битола ќе биде дополнително збогатен со придонес на Националниот музеј на Албанија.

Тој рече дека разговатал и со косовскиот амбасадор Ѓерѓ Дедај од кого побарал истото да го направи и Косово.

Во делегацијата покрај Груби учествуваа и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот за економија, Крешник Бектеши, министерот за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири и државниот секретар во министерството за култура, Валмир Азири.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This