Bлaдaтa вeќe пpoизвeлa и тecтиpaла 4 oд “Пaмeтнитe paдapи” нa Paшковски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската влада во текот на 2020 година произвела и тестирала четири од таканаречени “Паметни радари” инаку патент на Драги Рашковски, екс генсек на владата и до завчера секретар за мониторинг на стратешки проекти во кабинетот на премиерот Заев.

Според изјава дадена од самиот Рашковски владата произвела 4 единици од неговиот патент “Паметен радар”.

Произведените радари биле тестирани на повеќе локации односно биле разместувани на различни локации за потребите на тестирањето.

За оваа јавна набавка на прототипови на паметни радари и нивно тестирање нема никаков запис на владиниот портал за јавни набавки.

Изјавата Рашковски ја дава во видеото чие постоење го објави новинарот на Алфа и редовен колумнист на expres.mk Горан Момироски кој потврдува дека во фамозното видео Рашковски ја споменува оваа бројка на веќе произведени радари инволвирани од него лично но кажува и многу работи кои ќе бидат интересни за Јавното обвинителство кое веќе води повеќе истраги за блискиот соработник на премиерот Заев.

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This