BAЖНО: Втор викенд со забpaна за движење од 16 часот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Забраната за движење на населението денеска почнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот наутро. Ова е согласно одлуката на Владата за забрана на движење за време на викендите што се применува од минатата недела. Полицискиот час и утре ќе почне од 16 часот и ќе трае до 05 следниот ден.

Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се приспособат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот. Од забраната се изземени земјоделците што одгледуваат раноградинарски култури и имаат неодложни активности поврзани со производство во пластеници. Другите земјоделци, од останатите подсектори (сточари, овоштари, поледелци) ако имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство за време за забрната за движење, треба телефонски да се јават во подрачните единици на Министерството за дозвола.

Производствените погони и фабрики го продолжуваат своето производство организирано во смени. Согласно заклучокот на Главниот координативен кризен штаб, работниците во време на забраната за движење ќе може да се упатуваат на своите работни места исклучиво со посебни дозволи за вршење сменска и ноќна работа. Сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.

Одлуката Владата ја донесе на својата 28-ма седница, одржана на 25 март, во насока за спречување на внесување и ширење на коронавирус Ковид 19. Ова е втор викенд во кој се применува.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This