BAЖHO: Отcycтвото од работа ќе се докажува со потврда од градинка или училиште

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Самохраните родители и оние кои работат во ист сектор, да бидат ослободени од работа поради грижа на децата, повикаа надлежните. Препораката доаѓа откако вчера првично беше соопштено дека мерката за ослободување од работа нема да важи за вработените во здравството, полицијата, војската и пожарната управа. Покрај ова, мерките важат и за родителите на децата што се сместени или добиваат услуги во центрите за попреченост. Родителите со потврда која ќе ја добијат од градинка или училиште ќе го оправдаат своето 14 дневно отсуството од работа. Од Министерството за труд информираат дека оваа потврда работникот ќе треба да ја достави до фирмата пред да се направи пресметката за наредната плата односно при крајот на месецот.

Catchlight Visual Services family life picture, Image: 92674622, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: yes, Credit line: Profimedia, Alamy

„Секое непочитување на препораката за ослободување од работни обврски на еден од родителите на деца до 10-годишна возраст да се пријави во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 15131“, – велат од Министерството.

Владата вчера донесе одлука да се затворат сите воспитно-образовни институции, студентските домови, центрите за дневен престој, како и да се откажат сите воншколски активности. Покрај бремените жени и лицата со хронични респираторни заболувања, тешки кардиоваскуларни, со малигни заболувања, со дијабетес тип 1 се ослободени од работа. И нивното отсуство ќе го оправдуваат со потврда од лекар специјалист.

Мерките важат за сите ваботени и во јавниот и во приватниот сектор и нивно непочитување ќе биде казнето согласно членот 205 и 206 од казнениот законик. Не се изоставува и мерката за самоизолација.Владата препорачува задолжително седење дома доколку граѓаните доаѓаат од ризичните земји. Во земји со висок степен на ризик се Кина, Јужна Кореја, Италија и Иран. Земји со среден степен на ризик се: Германија, Франција, Јапонија, Шпанија, Швајцарија, САД, Велика Британија, Холандија, Белгија, Шведска, Норвешка, Сингапур, Австрија, Малезија, Австралија и Грција. Македонија е во групата на земји со низок степен на ризик, заедно со Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This