Bakцината не значи дека нема да се 3apa3ите, туку дека нема да развиете тешka клиничка слиka: Д-р Грозданова тврди дека сите Bakцини се бe3бедни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцината против коронавирусот не значи дека човек нема да се зарази, туку дека нема да развие тешка клиничка слика. Откако ќе се вакцинирате вие не сте веднаш заштитени. Потребно е да помине извесно време за да почне создавањето на антителата и тоа вообичаено е две или три недели по примањето на првата доза. Ова го објасни денеска претседателката на Националниот комитет за имунизација, д-р Александра Грозданова како одговор на прашањето што го актуелизираа дел од граѓаните – зошто луѓе кои веќе се вакцинирале биле позитивни на ковид-19.

„Погрешно е очекувањето дека вакцината може веднаш да почне да ве штити, за два или три дена. Заразувањето и покрај вакцинирањето се случува поради непочитување на мерките и ова е важно да се сподели со јавноста бидејќи голем дел од недовербата се должи на ваквото погрешно очекување“, потенцира Грозданова на денешниот брифинг со новинарите.

Таа тврди дека сите вакцини се безбедни и квалитетни.„Нема потреба од создавање паника кај лицата што се вакцинирале со вацината на АстраЗенека, оваа вакцина е прва регистрирана од регулаторното тело на Велика Британија и само таму се дадени над 17 милиони дози од оваа вакцина. Европската медицинска агенција заседаваше пред 2 дена и оттаму рекоа дека од бројот на пријавени случаи се држат до тоа дека оваа вакцина е безбедна за луѓето над 60 години“, апелира Грозданова. Таа порачува дека најдобра е онаа вакцина која им е достапна на граѓаните за да ја примат. Одговарајќи на новинарско прашање дали и кога кај нас може да се очекува вакцината на Модерна, таа укажа дека од самата компанија информирале оти европскиот пазар генерално не им е од интерес.

„Особено не се заинтересирани за малите пазари и јас не би очекувала ништо од оваа вакцина во следните неколку месеци“, додаде претседателката на Комитетот за имунизација.

Според неа, сите вакцини кои се достапни во земјава се подеднакво квалитетни и нема препораки за тоа дали одредена категорија граѓани би требало да се вакцинираат конкретно со одредена вакцина. Таа потенцира дека за да се прима вакцина не е потребна проверка на антитела или ПЦР тест. Во однос пак, на употребата на АстраЗенека и следењето на германскиот пример истата да не им се дава на лица под 60 годиини, Грозданова истакна дека кај нас нема дефинитивен заклучок за ова прашање:

„Ние не ја суспендиравме употребата, но некои земји временски ја суспендираа. Кога веќе ги имаме овие информации ние како надлежно тело не можеме да не дискутираме за нив. Немаме дефинитивен заклучок, но кај нас и според Националниот план беше приоритетна постарата популација за вакција. Сега никој не е оштетен од недавањето на АстраЗенека, воопшто не се сомневам дека ќе се потврдат наодите дека станува збор за безбедна вакцина. Кога веќе имаше такви информации споделени со граѓаните, не можеме тоа да го апстрахираме. Чекаме следни насоки и препораки. Од СЗО добивме насока дека е безбедна и за оваа возраст. Од бројките на милионска основа се покажува безбедносниот профил. Ние чекаме одреден временски период истата таа вакцина да биде одобрена и за давање под 60 години, а во моментот вакцинацијата си продолжува кај постарата популација и одлично се движи“.

Таа информира дека од вчера се спроведува и теренската вакцинација, која почнала од еден од геријатриските центри.

Грозданова додаде дека вакцината на АстраЗенека е направена на ист принцип како и руската Спутник В, но постојат две причини поради кои се пријавуваат повеќе несакани ефекти од АстраЗенека.

„Оваа вакцина се дава помасовно, а и несаканите реакции се следат потемелно, секој случај се детектира. Инаку и двете вакцини се дизајнирани врз основа на ист модел“, истакна Грозданова. Таа рече дека процесот на вакцинција се одвива со добра динамика, но таа се прекинува кај лицата кои пријавуваат алергија по првата доза. Во такви случаи, се добиваат насоки дали и со која вакцина да се продолжи.

Во однос на дилемата кај јавноста како за толку краток рок се развиле повеќе вакцини, таа потенцираше дека од корист било тоа што овојпат се користеле веќе постоечки технологии , не се развивале од нула:

„Во фармацијата најригорозно контролиран процес е развојот на вакцина, бидејќи вакцините масовно се употребуваат. Се даваат милионски дози и ригорозниот пристап е приоритет“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This