Bakцини во Македонија нeмa, дoдeкa вo Србија гpaѓaнитe биpaaт вakцини..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државите во светот овозможуваат на граѓаните да изберат со која вакцина сакаат да се вакцинираат, а во Македонија се уште вакцинацијата против КОВИД-19 не е започната бидејќи вакцини нема. Но и периодот за кој министерот за здравство, Венко Филипче најавува дека ќе пристигнат вакцините, граѓаните според неговите кажувања ќе немаат можност да се вакцинираат со која вакцина сакаат.

Дури и според неколкуте анекти кои беа спроведени во државата граѓаните најмногу изразија желба за вакцината „Спутник V“. За таа вакцина најава дека некогаш ќе пристигне во земјава, иако истата ѝ беше понудена на Македонија, како што потврди руската амбасада во земјава.

Додека ова се случува во Македонија, недалеку од нас во Србија вакцинацијата е започната од декември месец, и таму граѓаните сами си бираат со каква вакцина сакаат да се вакцинираат. Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека во Србија граѓаните можат да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат против коронавирус. Таа потсети дека во борбата против КОВИД-19, земјата изградила две нови болници, во Белград и во Крушевац.

„Почнавме масовна имунизација на нашите граѓани, Србија беше втора земја во Европа што обезбеди вакцини против ковид-19, вакциниравме 520.000 лица, ревакциниравме 21.000 и ние сме единствената земја во светот каде што граѓаните можат да изберат со која вакцина ќе се вакцинираат“, истакна Брнабиќ во изјава за медиуми пред неколку дена.
Во Србија се врши имунизација со вакцината на „Фајзер“, со руската вакцина „Спутник V“ и со кинеската вакцина на „Синофарм“. Брнабиќ најави дека наскоро во Србија ќе пристигне и четврта вакцина.

„Веб-страницата www.vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба. За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани! Преку пополнување на апликација искажувате интерес за вакцинација против КОВИД-19. Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против коронавирусот“, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на социјалните мрежи.

Од напишаното на министерот за здравство, Венко Филипче освен што го промовира сајтот на кој треба граѓаните да се пријават за вакцинација, а работеше со доста потешкотии исто така посочи дека граѓаните немаат опција да изберат која вакцина сакаат да ја примат бидејќи имунизацијата сега за сега ќе се спороведува само со вакцината од „Синофарм“.

„Фактите се дека во моментов Македонија е единствена во Европа која заедно со Косово, нема вакцини, потоа планот за вакцинација е донесен дури кон крајот на јануари 2021 година иако во Македонија имаме пандемија една година. Законот за регистрација на лекови, што е предуслов за увоз на вакцини го донесовме пред некој ден. Каде се оние 800.000 дози за кои власта кажа дека се авансно исплатени, каде се исплатени, каде се парите и каде се вакцините, ако се авансно исплатени, треба да ги имаме? Гледаме дека ги нема, па се свртеа кон Кина која беше стигматизирана претходно“, истакна вчера пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески при своеото гостување во емисијата „24 Анализа“ на ТВ24.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This