Bapхеји: Зaпaдниот Балкан е нaш приopитет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комесарот за проширување Оливер Вархеји, на денешната министерска конференција Европска Унија – Западен Балкан, потврди дека приоритет на Европската комисија се односите со регионот.

– Кога станува збор за миграциите, подобрување на соработката е клучна за зајакнување на способностите за управување со границите и борбата против криумчирањето, напиша Вархеји на Твитер.

Тој заедно со еврокомесарите за правда и за внатрешни работи, Дидие Ренедерс и Илва Јохансон учествува на денешната видео конференција на министрите на ЕУ и Западен Балкан.

ЕК најави дека на конференцијата ќе се разговара за соработка во управувањето со миграцијата, вклучително и интензивирање на регионалната размена на информации, подобрување на информациските системи и зајакнување на капацитетите за прием и азил во пресрет на новиот Европски пакт за миграција и азил.

По презентацијата на Европол за постојаната борба против тероризмот во регионот, министрите ќе разговараат за тековните предизвици поврзани со тероризмот и насилниот екстремизам, вклучително и напредокот во спроведувањето на Заедничкиот акциски план за борба против тероризмот за Западен Балкан.

Ќе се дискутира и за подобрувањето на оперативната соработка во борбата против организираниот криминал, како и за новиот Акциски план на ЕУ за трговија со оружје и за Акцискиот план за дрога

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This