Beнко потpeceн по „избopoт“ на 3aев: Го чекавме генеpaции, за него coнувaвмe – На Фejcбyк го yтeпaa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трогателно писание на социјалните мрежи на министерот за здравство Венко Филипче по вчepaшните едногласни внатрепартиски избори во СДСМ.

Филипче вели дека Заев бил човекот кој со генерации бил очекуван да се појави во Македонија.

-Зоран Заев е промената во општеството која генерации граѓани ја чекаа за да ги исполнат соништата на своите деца. СДСМ продлжува сигурно напред со човекот кој донесе големи промени и храбри одлуки за иднината на земјата. Тој ја обединува партијата, но и граѓаните на целата држава и затоа е вистинскиот избор за лидер на СДСМ. Му посакувам успешен мандат. – напиша Филипче на Фејсбук.

Од клетви и закани, преку пцости, шеги и поддршка се до гневни анализи за (не)способноста на министерот за здравство и неговата партија СДСМ по постот на Филипче во кој тој вели дека генерации граѓани го чекале Заев за да се остварат соништата на нивните деца.

Во над 1100 коментари министерот Филипче ги доби реакциите од јавноста за неговата работа и поддршка како политичар.

Ако се суди според бројот на лајковите Филипче може да биде задоволен но ако се читаат коментарите на граѓани кои во најголем дел не се лажни профили туку реални луѓе, министерот треба добро да се замисли.

Огромен број од коментарите не се за јавна објава затоа што се навредливи, содржат говор на омраза носат и закана по лична безбедност а во нив се споменуваат и членови на семејства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This