Boнpeдна состојба во Лондон: Hemа веќе место во болниците, омикpoн стана доминантниот coj

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градоначалникот на Лондон Садик Кан денеска објави вонредна состојба за да им помогне на болниците во градот да се справат со зголемениот број пациенти со Ковид-19 поради варијантата Омикрон, која брзо се шири.

Како што пренесуваат локалните медиуми, преземањето на овој чекор ќе овозможи поблиска координација меѓу различните владини служби, бидејќи Велика Британија вчера го забележа најголемото дневно зголемување на бројот на нови случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата.

Кан рече дека хоспитализациите и недостигот на медицински персонал се зголемуваат и додаде дека по консултациите одлучил денеска да прогласи „вонредна состојба“ поради сериозноста на ситуацијата.

– Зголемувањето на бројот на случаи на варијантата омикрон во нашиот главен град е многу загрижувачко. Омикрон брзо стана доминантен, бројот на нови случаи нагло скокна, а бројот на хоспитализирани повторно расте – рече градоначалникот.

Лондон регистрираше 65.525 нови случаи на коронавирус во последните седум дена, од кои 26.418 во последните 24 часа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This