Bo Koвид цeнтpитe вoн Скопје ce лekyвaaт 830 пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во ковид центрите во болниците надвор од Скопје се лекуваат 830 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. 

Министерството за здравство, врз основа на извештаите кои пристигнуваат на дневна основа, соопшти дека во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти, во болницата во Штип 56 пациенти, на Инфективното одделение во Тетово 45 пациенти, во Велес  56 болни, а во Куманово 114 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18 во Кичево 10, Кавадарци 56,  во  Гевгелија 11 лица, а во Дебар 10 позитивни  и суспектни на корона вирусот.Од Министерството нагласуваат дека бројките се менуваат од час во час поради направените приеми и исписи на пациентите.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1340 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите.

– Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, се наведува во соопштението од ресорното Министерство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This