BOJCKATA ЗAMИHA ВО ДЕБАР: Шекеринска ги испрати вojницитe од тетовската kacapна на гpaничнaтa линија кај Дебар

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денеска ги посети припадниците на Армијата во касарната во Тетово и заедно со началникот на Генералштабот, генералот Васко Ѓурчиновски ја испрати втората единица која од оваа касарна замина за Дебар.


„Согласно одлуката на Владата за прогласување на кризна состојба во општините Дебар и Центар Жупа и иницијативата на Владата која што претседателот Пендаровски ја одобри, веќе од денеска, Армијата е подготвена да се стави во поддршка на цивилните власти, на Министерството за внатрешни работи. Денеска сме тука во гарнизонот, во касарната во Тетово, каде што втората екипа која заминува за Дебар е веќе подготвена”, рече министерката и упати честитки до Генералштабот и до сите команди за брзата реакција.

„Практично одлуката беше донесена од страна на претседателот доцна вечерта и веднаш се пристапи и кон тревога и кон ангажирање на персоналот и кон обезбедување на целата логистика – храна, вода. Денеска е веќе направена една прва контрола и извидување од воздух на линијата каде што ќе бидат ангажирани армиските сили и веќе е почнат транспортот на еден дел од нашите сили. Стоиме на располагање и како и досега да покажеме дека Армијата е институција во која граѓаните со право имаат доверба и на која можат да сметаат”, рече министерката.

Шекеринска потенцираше дека брзата реакција на Владата во преземањето на мерки против ширењето на корона вирусот се покажа оправдана, бидејќи благодарение на таа ефикасност се успеа бројката заболени да не ескалира драматично.

„Како Влада ќе продолжиме да носиме одлуки кои што на прво место ќе го стават здравјето на граѓаните и затоа иако Армијата никогаш не треба да биде прва институција која што ќе реагира, брзо побаравме и армиски ангажман. Ги ставаме сите ресурси на располагање за да помогнеме што е можно побргу да се справиме со КОВИД – 19 ” рече Шекеринска.

Министерката се заблагодари на здравствените власти и здравствените работници за огромниот труд што го вложуваат во справувањето со вирусот, и упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките и забраните.

„Повикот кој сите го испраќаме до граѓаните е сите да се вложиме себе си во оваа акција. Заедно можеме да го победиме корона вирусот, меѓутоа само ако ги почитуваме препораките, ако ги почитуваме забраните и ако направиме сè да се заштитеме и себе си и своите најблиски, а со тоа и целата држава”, рече министерката Шекеринска.

Таа појасни дека главниот фокус на ангажманот на Армијата во овој момент ќе биде контролата на граничната линија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This