Cвeдoцитe потврдиja дека Pиcтовски и Jaнакиевски нe гo opганизирале членcтвoто зa пpoтecтите на „27 април“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжи рочиштето за настаните од „27 април“. Денеска сведочеа десетина членови на ВМРО-ДПМНЕ како и претседатели на општински организации.

Сите беа едногласни во своите излгања дека немале партиски директиви да носат активисти во Скопје и оти ако некој заминал пред Собранието тоа го направил индивидуално.

-Не бевме контактирани од Спиро Ристовски и Миле Јанакиески имаше организиран превоз.Немав добиено ниту налог да организирам наши членови на протестите „За Заедничка Македонија-рече Драган Христов од ОК Делчево.

Истото го потврдија и порнашни членови на Кабинетот на Ристовски додека тој беше министер за образование.

На денешното рочиште за настаните од „27 април“ сведочеше и поранешниот заменик министер за земјоделство и министер за одбрана Зоран Коњановски. Тој како долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ објасни какви биле позициите на Спиро Ристовски во периодот кога се случуваа протестите.

-Ристовски во 2016 и 2017 година немаше партиски функции и не беше член на ниту едно тело бидејќи како поранешен член на ВМРО Народна имаше политичка дамка-рече Коњановски.

На прашањето на обвинителката Вила Рускоска како тогаш Ристовски бил министер и заменик министер Е, Коњановски одговори дека во владите на ВМРО-ДПМНЕ имало и министри кои претходно биле членови на други партии па и на СДСМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This