CДCM пpeд pacпад, ги кpeпи caмо влacта: „Cкoпcкoтo“ и „ceљачкото“ kpилo почна да се тeпa пo кaфeaни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистинска дpaма вчеравечер се случувала во ресторанот Интернационал лоциран во центарот на Велес.

По долга расправија се случила и физички пресметка, односно тепачка помеѓу две групи активисти на СДСМ. Имено поранешни високи фунцкионери на СДСМ од Велес со иницијали Д.К, и Д.П физички се пресметале со гости од Скопје високи фунцкионери на СДСМ.

Еден од инволвираните се шпекулира дека е поранешен претседател на Советот во Велес, а имало и членови на инфамозната „Франкфурт мафија“ кои учествувале во тепачката.

По долга расправија групите започнале да наместо зборови да разменуваат боксови во ресторанот полн со гости, меѓусебно тепајќи се и нанесувајќи си телесни, повреди. За време на настанот кај присутните гости настанала паника и поради страв да не бидат нападнати го напуштиле веднаш ресторанот.

Покрај боксови летале и кршење на чаши и шишиња.

По тепачката едно од лицата се јавило во итната медицинска помош во Велес и од таму настанот е пријавен во олицијата.

Бидејќи се работи за високи и влијателни луѓе во владеачката СДСМ од страна на раководители на СВР Велес вршен е силен притисок настанот и да нема записник за ништо да не биде заведено во полицискиот билтен.

Вршен е силен притисок настанот да не биде заведен од страна на началникот на Одделението за Полиција и командирот на ПС Велес како и од заменик началникот на СВР Велес .

Иако постојат силни и несоборливи докази и сведоци како и видео надзор од објектот за целиот настан, настанот е прикриен како воопшто да не се ни случил.

Внатрешната контрола на полицијата мора да истражи и да го потврди овој кривично правен настан и да ги разреши сите оние кои учестувале во заташкување на истиот. А јавното обвинителство по допрен глас мора да издаде наредба за обезбедување на видео снимките кои се на сигурно.

Ова не е ни прв ни последен ваков конфликт како што многумина сакаат да кажат помеѓу „скопското“ крило на СДСМ и „сељачкото“ крило на партијата.

Во изминатито период и двете крила на СДСМ се измамени од лидерот на партијата, Зоран Заев без разлика дали станува збор за функции или работни места, а вината ограноците на партијата од внатрешноста ја наоѓаат кај централата во Скопје, а не кај Зоран Заев.

Ова е голем срам и скандал во очи на престојниот конгрес на СДСМ, но и ажурирањето на членството кое заврши пред неколку дена, очигледно големи проблеми и незадоволство има помеѓу поширокото членство, а партиското единство одамна не постои. Единствено нешто кое ја крепи партијата од целосен распад е фактот што СДСМ се уште ја има власта во државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This