Cитyaциjaтa e пoвтopнo зaгpижyвaчкa: Peгиcтpиpaни нaд 700 нoвoзa6oлeни лицa oд Koвид-19, живoтoт гo зaгy6иja 9 пaциeнти..

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните 24 часа се направени 3.701 тестирања, а регистрирани се 722 нови случаи на ковид-19 во:

Скопје – 375, Прилеп – 44, Кавадарци – 35, Гевгелија – 29, Битола – 25, Гостивар – 23, Тетово – 22, Куманово – 20, Охрид – 16, Штип – 15, Крива Паланка – 14, Неготино – 13, Велес – 11, Струмица, Струга и Кочани – по 10, Богданци – 9, Кичево, Свети Николе, Ресен, Радовиш, Берово и Крушево – по 5, Валндово – 3, Делчево, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кратово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани се 186 оздравени пациенти од:

Скопје – 50, Прилеп – 29, Кавадарци – 25, Куманово – 15, Тетово – 14, Велес – 9, Неготино – 8, Кочани и Гевгелија – по 6, Гостивар – 5, Струмица и Крушево – по 4, Богданци – 3, Штип, Свети Николе и Валандово – по 2, Делчево и Пробиштип – по 1.

Пријавени се вкупно 9 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (81г, 75г, 74г, 73г) и по 1 пациент од Пробиштип (88г), Струмица (88г), Кичево (72г), Куманово (70г), и Битола (61г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 540.725 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 106.832, бројката на оздравени пациенти е 94.461, на починати е 3.185, а бројот на активни случаи изнесува 9.186.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This