Cитyaциjaтa e тeнзичнa: САД им coвeтyвaaт нa cвoитe дpжaвjaни дa нe oдaт кoн aepoдpoмoт вo Kaбyл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

САД денеска ги посоветуваа своите граѓани во Авганистан да не доаѓаат на аеродромот во Кабул, каде што една недела откако талибанците ја презедоа контролата во земјата, има илјадници луѓе кои сакаат да избегаат од неа.

Инструкциите на американските власти доаѓаат откако ко-основачот на талибанците, Мула Барадар, денеска пристигна во Кабул на разговори со другите лидери со цел да формира нова авганистанска влада, по молскавичното освојување на државата.

Од неделата досега во областа околу аеродромот загинаа најмалку 12 лица, соопштија претставници на НАТО и талибанското движење.

– Поради потенцијалните безбедносни закани пред влезот на аеродромот во Кабул, ги советуваме американските граѓани да избегнуваат патување до аеродромот, освен ако за тоа не добијат индивидуални инструкции од американските власти – предупреди американската амбасада во Кабул.

Талибански претставник денеска го повтори ставот од изминатите денови дека хаосот на аеродромот не е одговорност на талибанците. „Западот можеше да подготви подобар план за евакуација“, рече тој.

Официјален претставник на НАТО вчера соопшти дека околу 12.000 странци и Авганистанци кои работеле за амбасади и меѓународни хуманитарни групи се евакуирани од Авганистан откако талибанските бунтовници влегоа во Кабул.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This