Cпopeд нajнoвитe пpecмeтки нa научниците: Овој oгpoмeн acтepoид би мoжeл вo 2068 да yдpи вo Зeмјaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Научниците по најновите пресметки, утврдиле дека постои веројатност Земјата да биде погодена од огромен астероид во 2068 г.

Ова не е прв пат астероидот со име 99942 Apophis да ги загрижува астрономите. Во декември 2004 година, првичните мерења покажале дека постои веројатност дека во 2029 година ќе ја погоди нашата планета. За среќа, последователните анализи на неговата траекторија откриле дека таа година во април на петок 13-ти (да, петок 13-ти) ќе лета многу близу до Земјата, но дека нема да има судир.

Астрономската заедница по некое време се смири. Точно, вселенските агенции порано објавуваа дека е забележан астероид кој е категоризиран како потенцијален опасен објект (PHO) или како објект близу Земјата (NEO), но тоа не значи автоматски дека таквото тело претставува закана за нашата планета. Ова би било случај само доколку било во исто време на списокот на предмети што би можеле да ја погодат Земјата – како што е случајот со Афофис.

Астероидите или NEO објектите, честопати прелетуваат релативно близу до Земјата, а медиумите имаат тенденција да претеруваат со изјави за нивната опасност само врз основа на тоа што тие се класифицирани во категориите PHO и NEO, кои се звучни имиња. Но, што воопшто значат овие категории?

NЕО е секој објект што поминува покрај Сонцето на растојание помало од 1,3 AЈ (AU, астрономска единица). AЈ ја означува приближната оддалеченост на Земјата од нашата sвезда и изнесува 150 милиони километри. Ова значи дека се работи за тела што ќе поминат близу до нашата планета во релативна смисла. На пример, некој астероид од категоријата NEO може да помине на растојание од 6,3 милиони километри од нашата планета, што е всушност далеку. За споредба, Месечината е во просек од нас оддалечена 384.400 километри.

Афофис, пак, ќе помине низ областа низ која минуваат сателитите во 2029 година – што ќе биде прилично блиска средба за објект од категоријата NЕО.

Потенцијално опасен објект (ПХО) е вселенски објект чиј дијаметар е поголем од 140 метри и кој поминува на растојание од 0,05 AJ (7.500.000 км) или помалку од Земјата.

Научниците од Институтот за астрономија на Универзитетот во Хаваи пред неколку дена објавија дека откриле дека Афофис бил под влијание на ефектот Јарковски, што значи дека некои делови се загреваат побрзо од другите и забрзуваат на патот кон Земјата. Поради ова забрзување, имало мала промена на траекторијата и постои мала можност да ја погоди Земјата во 2068 година.

Општо земено, веројатноста да ја погоди Земјата за оваа големина на астероид е една во 80.000 години.

Ударот на Земјата би создал регионална катастрофа и ќе уништи и изгори област широка стотици километри, а штетните последици би биле глобални, со влијание врз климата. Овој астероид припаѓа на карпестите астероиди и може да содржи околу 20 проценти железо. Не е позната неговата внатрешна структура и се проценува дека неговата просечна густина е нешто под 3 тони на метар кубен.

Кога огромната карпа именувана по египетскиот бог на хаосот Афоф ќе помине покрај нас во 2029 година, ќе можеме да ја видиме и со голо око, пишува 7News.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This