Cпopeд нeдeлниoт извeштaj нa Инcтитyтoт зa jaвнo здpaвјe: Минaтaтa нeдeлa peгиcтpиpaни 6.463 зapaзeни и 184 пoчинaти oд Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје минатата недела (во периодот од 30 ноември до 6 декември) во земјава биле направени вкупно 17.456 тестови, што е намалување од 7 отсто во однос на неделата претходно.

Во истиот период регистрирани сe 6.463 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со намалување од 4,2% во однос на претходната недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=2.610; 40,4%), со неделна инциденца – 422,6/100.000. Процентот на позитивни од тестирани во периодот на известување е 37%.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 (n=1.639, 25,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.244; 19,2%), 40-49 (n=1.222; 18,9%), 50-59 (n=1.217; 18,8%) и 20-29 (n=791; 12,2%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=107; 1,7%) и 10-19 години (n=243; 3,8%).

По добиени 2 негативни теста или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.313 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Пријавени се 184 смртни случаи од 25 града, со намалување од 10,7% во однос претходната недела на известување. Во однос на возраста, 158 лица биле над 60 години, 20 лица на возраст од 50-59 години, 5 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и еден случај во возрасната група од 30-39 години.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 30 ноември до 6 декември се објавува на веб-страницата на Институтот за јавно здравје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This