Cтaпи вo cилa нoвиoт 3aкoн зa cooбpaќaj: Haмaлeни kaзни, нo и пoвeќe мoжнocти зa oдзeмaњe вoзилo или дoзвoлa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот МВР уште во 2019 година изготви предлог-измени на постоечкиот Закон за сообраќај, кои конечно добија зелено светло од народните избраници. Во новиот текст акцентот е ставен на намалување на висината на казните, поради усогласување со веќе усвоениот нов Закон за прекршоци, како и на засилување на одредбите што им даваат поголеми овластувања на сообраќајните полицајци доколку утврдат прекршување на правилата.

Сепак, казните за брзо возење, алкохол и престигнување не се намалени. Казната за физичките лица можат да бидат и поголеми од 250 евра доколку прекршокот го загрозува животот и здравјето на луѓето. Новост е тоа што се укинуваат негативните поени во возачките книшки, а нема веќе замена на казната за негативни поени.

Возилото ќе се одзема на три месеци и ако не е регистрирано или пак создава голема бучава, а на три дена во случај да е неисправно. Па така, сообраќајната полиција ќе може веднаш да отстрани возило од сообраќај, односно да ги одземе табличките, доколку констатира неисправност. Ваквите возила полицијата ќе може да ги задржи три месеца.

Во измените се вели дека полициски службеник може да одземе возачка дозвола или да исклучи возач од сообраќајот доколку возачот управува со возилото во лоша психофизичка состојба, под дејство на дрога и алкохол или пак доколку има предвидено или впишана забрана за управување со моторно возило.

Што се однесува до намалувањето на висината на казните за дела што не се животозагрозувачки, за непрописно престигнување казната се намалува од 300 на 250 евра, а исто и за возење во еднонасочна улица. За некористење на трепкачи, ќе се казнува со 35 евра. Ако не се вклучени соборните светла преку ден казната ќе биде 15 евра, а за незапалени светла навечер – 35 евра.

Согласно новиот закон улогата и задачата на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во овој случај е да ги информира учесниците во сообраќајот за сите новини кои што се настанати и да ги советува за нивно почитување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This