Cтpaвoт ce шиpи нa нajoпacнoтo мecтo вo Европа: „Ja гy6имe кoнтpoлaтa, ни ce зakaнyвa kopoнa-цyнamи“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгија ја губи контролата врз вториот бран на пандемијата на коронавирусите и е многу близу да биде погодена од инфекција со цунами, изјавил министерот за здравство Френк Ванденбрук. Тој додал дека Белгијците мора радикално да го сменат однесувањето.

Состојбата во регионот Валонија на југот на Белгија и главниот град Брисел, министерот ја опишал за РТЛ како „најлошата, а со тоа и најопасната во цела Европа“.

„Ние сме најзагрозениот регион во цела Европа. Навистина сме близу до цунами, така што повеќе не можеме да контролираме што се случува. Денес, сè уште можеме да контролираме што се случува, но со големи тешкотии и стрес“, рекол Ванденбрук.

„Ако бројот на заразени лица продолжи да расте, бројот на хоспитализации ќе биде таков што ќе мора да ги одложиме сите пациенти кои имаат некоронарни здравствени проблеми, што е исто така многу опасно. Имаме само една порака до јавноста: заштитете се себеси и своите најблиски, за да не се заразите“, потенцирал тој.

Минатиот месец британскиот министер за здравство Мет Ханкок ја пофали Белгија како добар пример за ограничување и борба против вториот бран на вирусот корона. Потоа тој сугерирал дека политиката на Белгија за ограничување на човечката интеракција во рамките на малите „социјални меурчиња“ е ефективна, бидејќи се обиде да ја убеди британската јавност за ефективноста на „правилата на шесте“ во Велика Британија.

Но, бројките во Белгија се зголемиле од септември, бидејќи возрасните се вратиле на работа, а децата се вратиле на училиште по летните одмори.

Помеѓу 9-ти и 15-ти октомври дневно се пријавувале во просек по 7.876 нови инфекции, што е зголемување за 79 проценти во однос на претходната недела.

Минатиот вторник биле идентификувани 12.051 инфекција со вирусот, што значи „најголем број на инфекции регистрирани за еден ден од почетокот на пандемијата“, изјавил д-р Стивен Ван Гухт, портпарол на белгискиот кризен штаб.

„Во средата, на 14 октомври, исто така, ја преминавме границата на 10.000 инфекции, со 10.932 потврдени случаи за еден ден“, додал тој.

Новите мерки стапија на сила во понеделникот во Белгија, а граѓаните сега мора да го почитуваат новиот модел на „социјален балон“.

Дозволен е само еден „близок контакт“ надвор од домаќинството. Четворица гости, кои се менуваат на секои две недели, можат да ги посетуваат домовите ако ја почитуваат физичката оддалеченост.

Баровите и рестораните се затворени четири недели, продажбата на алкохол ќе биде забранета по 20 часот, а полицискиот час ќе биде воведен од полноќ до 5 часот наутро.

Белгискиот премиер Александар Де Кро во петокот изјави дека ситуацијата со која се соочува земјата е „посериозна“ отколку во март пред првиот карантин низ целата земја, пишува „Гардијан“.

До денес, повеќе од 40 милиони случаи на инфекција со коронавирус се пријавени ширум светот, а повеќе од еден милион луѓе починале како резултат на Ковид-19.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This