Cтpaшни пoжapи бecнeaт вo Албанија oд јyг дo ceвep – зaфaтeни и тypиcтички мecтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Последните денови Албанија е зафатена со пожари, кои се проширија речиси на целата нејзина територија.

Министерот за одбрана, Нико Пелеши реагираше во врска со актуелната ситуација со бројните пожари во земјата, кои, како што изјави, ги има од југ до север.

Тој вели дека структурите на цивилната одбрана се соочуваат со голем број, меѓу кои пет големи пожари, каде најкритични остануваат оние на Карабурун и Курбин, во чие гаснење се вклучени се и авиони, како и припадници на армијата.

Пелеши, кој денеска беше во Валона, со цел од блиску да ја следи ситуација, рече дека пламените јазици биле закана и за воената база Пашалиман.

-Пламените јазици и се закануваа и на воената база во Пашалиман. Ние би ја бранеле базата по секоја цена, но сакам да им се заблагодарам на сите што помогнаа да се избегне тоа. Единственото сериозно активно жариште е во Карабурун. Концентрирани сме со воздушни и копнени средства, рече министерот Пелеши. Додаде дека во гаснење на пожарот во Карабурун се ангажирани и 200 припадници на армијата.

Неколку пожари беснеат и во подрачјето на Фиер каде се опожарени над 70 хектари шума, а во Саранда десетици хектари ситно стеблеста шума и маслинови насади. Пожарот во одморалштето Ксамил брзо беше локализирано и според властите била зафатена површина од еден хектар.

Опозициското Движење за социјалистичка интеграција, преку објава на „Фејсбук“, на потпретседателот Петрит Васили нагласува дека Албанија е „окупирана“ од пожари кои ги уништуваат, според него, драгоцените економски и природни ресурси и при тоа го обвинува премиерот Еди Рама.

-Албанија без премиер! Драматични денови од југ до север. Албанија окупирана од пожари кои уништуваат многу скапоцени економски, природни и туристички средства и исто така го изложуваат животот на граѓаните на големи опасности. Цивилна итна служба речиси ништо не прави пред пожарната катастрофа. Неопремена, без средства, без персонал, држава која тотално не постои, обвинува Васили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This