„Toплoтнa кyпoлa“ ce coздaвa нaд Европа – екcтpeмнитe тeмпepaтypи дoпpвa дoaѓaaт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рекордните температури поминуваат и над 12 степени Целзиусови од вообичаените во август. Се очекува наредните денови да бидат најтопли во годинава за цела Европа, посбено на југот и југоистокот.

Најинтензивен топлотен бран годинава ја погоди југоисточна Европа, со највисоки температури од 42 до 45 степени Целзиусови забележани на подрачјето на јужна Италија, Грција до западна Турција во последните неколку денови, пишува Severe Weather.

Јули бил екстремно во јужна и југоисточна Европа, а на почетокот на август се очекува топлотниот бран да се зголеми и да имаме нови температурни рекорди во Европа.

Најлошо е во Италија, Грција и Турција, како и во нивните соседни земји межу кои е и Македонија.

Над Европа се создава „топлотна купола“, а резултира со екстремно високи температури ширум Медитеранот и Балканскиот полуостров.

Топлотната купола е израз кој се користи кога подрачје на висок воздушен притисок ќе се надвие над голем дел од континент и таму ќе остане со денови или дури недели. Делува како поклопец на лонец, задржувајќи топлотна маса под него. Тоа често се смета за причина за смртоносните топлотни бранови ширум светот.

Се предвидува дека моменталниот временски образец во југоисточниот дел на Европа ќе продолжи и во почетокот на август и дека ќе го продолжи најинтензивниот топлотен бран во 2021 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This