Cтyдeнo yтpo, дeнoт coнчeв co мaлa oблaчнocт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето во земјава наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Само на североистокот претпладне ќе има услови за појава на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Попладне облачноста ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од -9 до -2, а дневната од 5 до 13 степени.

Во Скопје, умерена до значително облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -6, а дневната ќе достигне до 10 степени.

Во вечерните часови и преку ноќта во северните и источните делови ќе има појава повремен слаб снег. Услови за слаб снег ќе има утре на крајниот североисток особено претпладне. Потоа следува период на доста тивко и повремено сончево време во кој температурите ќе бидат во пораст. Така во петок утринските температури само на места ќе се спуштаат под -10 степени. За време на викендот и во понеделник температурите преку денот ќе бидат насекаде над нулата и ќе има услови за појава на утринска магла по котлините.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This