(Видео) Милиони во Тексас се без струја, зaгинaлe над 20 лица во снежните бури и ледениот дожд

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 2,7 милиони домаќинства се без електрична енергија, соопштиле властите. Лора Новел, 45-годишна девојка од Вако, се загрева трчајќи или во автомобил.

„Никогаш не било толку студено. Има мраз насекаде околу нас”, вели Новел.

Метеоролозите предвидуваат дека снегот во Северен Тексас ќе престане да паѓа до средината на денот, но екстремно ниските температури ќе се задржат и следните неколку дена.

Снежните бури и ледениот дожд се движат кон исток, каде ќе ги зафатат долината на Мисисипи, Вирџинија и Северна Каролина. Во невремето кое мина низ четири сојузни држави загинале најмналку 21 лице.

Градоначалникот на Остин, Стив Адлер изјавил дека електричната енергија може да се врати за два до три дена. Претседателот Џо Бајден им порачал на гувернерите на погодените држави дека федералната влада е подготвена да помогне.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This