CУДCTBOТО Е КОПУМПИPAHO БИДЕЈЌИ Е ПОД КОНТРОЛА НА ЗАЕВ: Овие се челните луѓе во cyдството кои се под директна контpoла на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вондредна прес конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски истакна дека судството во Република Македонија е корумпирано бидејќи е под контрола на Зоран Заев. Тој меѓудругото ги наброи и сите оние челници на судството кои се под директна контрола на Заев. Погледнете кои се тие:

– Ја споменавте Венецијанската комисија, денес еден од членовите на Венецијанската комисија, Тања Каракамишева објасни односно го испромовира ставот на Европската Унија дека е против ветингот на судии во Република Македонија, наместо тоа треба да се најдат други модели за да се воспостави ред во судството меѓутоа се начна една нова тема дека се партизира Антикорупциската комисија за да се дисциплинираат судии ќе им се проверува имотот и така ќе се прави таканаречен мек ветинг. Каков е вашиот став по однос на ова, запраша уредникот на Инфомакс, Александар Митовски.

– Ќе го истакнам моето лично мислење. Ние во Кривичниот суд во Скопје имаме 60 судии. Во Апелационион суд во Скопје има 20 судии. Тоа не значи дека сите овие судии се нечесни, корумпирани или како што ги нарекува Заев криминалци. Корумпиран е системот затоа што аболицираниот премиер Заев го контролира претседателот на Скопска апелација, го контролира претседателот на Кривичниот суд, го контролира претседателот на Апелација во Штип, го контролира Републичкиот судски совет преку судивката која што е сопруга на неговиот 20 годишен директор на Комуналното претпријатие во Струмица и шеф на изборни кампањи. И преку контролата на пет или десет клучни позиции во најбитните судови тој индиректно го насочува судството преку политички инструменти. Тоа е изворот на неефикасноста или хендикепот со кој судството во најголем дел се соочува. Затоа ние сме за ветинг и прв кој што треба да е отстранет во тој ветинг е аболицираниот премиер Заев, одговори Милошоски.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2611201765831835/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This