CУДHИЦИTE „PACAД“ ЗА KOPOHA: Се уште нeмa пpeдлог за пpekин на работата на cyдoвите во земјава, Грција ги cycпeндиpaше сите poчиштa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека владата и политичките партии се натпреваруваат кој ќе каже попаметна мерка за заштита од ширење на КОВИД-19 (коронавирус), никој се уште не се сети на луѓето кои се под прогон пред судските институции, но и затворениците во затворите каде условите за живот се и онака катастрофални

Заради сериозноста на ситуацијата, МВР интервенира дури и кога граѓаните се групираат по 5-6 луѓе.

Истовремено во Кривичниот суд секојдневно се одржуваат рочишта во судници без вентилација на кои присуствуваат по 50 тина луѓе. Седат еден до друг, без растојание помеѓу столчињата.

И покрај загриженоста која јавно ја изрази Филипче, за потреби на предизборната кампања, кога секојдневно е планирано да се рециклираат бомбите преку рочиштата во суд, СДСМ одлучи сите присутни во судниците да бидат изложени на огромен ризик, а обвинетите се третираат како експериментални глувци.

Тие се единствената категорија на која не се применуваат мерките што ги предлага Филипче.

Во меѓувреме, сите судови во Грција ја суспендираа својата работа до решавање на проблемот со коронавирусот. Во Грција има 190 заболени од коронавирус, а двајца мртви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This